The Balkans International
Wine Competition
Sofia 1 - 4 June 2017
The Balkans International<br />
Wine Competition<br />
Sofia 1 - 4 June 2017

// Новини и преса

начало / Новини и преса

// Покана за участие на BIWC 2012, Sofia, Bulgaria, June 14-17, 2012

Почитувани,

Би сакала да Ве поканам да учествувате на првиот THE BALKANS INTERNATIONAL WINE COMPETITION 2012 ( ИНТЕРНАЦИОНАЛНО БАЛКАНСКО ВИНСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ 2012), кој ќе се одржи во Софија од 14-17 јуни 2012 во Гранд хотелот Софија. BIWC е отворен настан за сите винопроизводители од сите земји на Балканот.

Зошто Балканот?

Балканот може да се пофали со една од најстарите истории на вино во светот. Со речиси 1,8 милиони тони на производство на вино годишно, Балканот се наоѓа на петто место во светот, веднаш после најголемите земји производители на вино, Италија, Франција, Шпанија и САД. Во последната деценија Балканот направи голем напредок во квалитетот на своите вина и може да се пофали дека е клучен актер на светската винска сцена

Зошто да учествувате на BIWC?

*      THE BALKANS INTERNATIONAL WINE COMPETITON 2012 е првиот битен чекор кон промовирање на вината од Балканот како регион на светскиот вински пазар.

*      THE BALKANS INTERNATIONAL WINE COMPETITION 2012 е можност да се учествува на Мастер часови и предавања, за најдобрите Балкански вина и најнови трендови во винската трговија, интернационалниот вински бизнис, вински маркетинг итн., кои ќе ги одржат реномирани членови на жирито на BIWC.

Кој ќе ги оценува вашите вина на  BIWC?

За прв пат, Балканските вина ќе ги дегустираат и оценуваат едни од најголемите Masters of Wine (MW) како Претседателот на  BIWC жирито, Константинос Лазаракис - единствениот MW на Балканот, Каролин Гилби MW - Обединето Кралство на Англија, Кристи Кантербери MW- САД, Пол Ливерсиџ MW- Швајцарија и уште многу други, кои ќе помогнат да се создаде позитивна слика за Балканските вина во светот.

Жирито ќе одбере победник во секоја од следниве категории:суво бело вино, суво црвено вино, суво розе вино, пенливо вино и десертно вино. Победникот во секоја од овие категории ќе добие специјален медал.

Освојување на Големата златна награда

   
Големата златна награда на
THE BALKANS INTERNATIONAL WINE COMPETITION 2012 ќе биде доделена независно во секоја категорија и на секое вино кое нашето интернационално жири ќе го оцени како најдобро, најпосакувано и со најголема пазарна вредност.

Како да учествувате на BIWC?

Почитувани винопроизводители,

По примерот на платформа 2 во 1, BIWC ќе Ви понуди можност за прв пат да учествувате на BIWCнатпреварувањето (14-15 јуни) со испраќање на примероци и како второ,  да ги изложите своите вина на BIWCСаемот )16-17 јуни).

BIWC Саемоте собирно место за светските вински експерти, Masters of Wine, трговци со вино, вински новинари и блогери од САД, Обединетото Кралство на Англија, Русија, Индија, Скандинавските земји, Италија, Германија, Белгија и сите Балкански земји.

BIWC цени за учество

За учество на BIWC Натпреварувањетоцената е 60 Евра од примерок.

За учество на BIWC Саемот цената е 450 Евра од винарија.

Пријавете се порано да учествувате на BIWC по специјални попусти!

Сите винопроизводители кои ќе се пријават и ќе поднесат доказ за плаќање до или на 10ти мај 2012, ќе добијат 2 попусти:

100 Евра за учество на Саемот (350 наместо 450 Евра)
• 10 Евра за учество на Натпреварувањето (50 наместо 60 Евра)

Во прилог на оваа покана е пријавата за регистрација. Може да го посетите и нашиот веб сајт каде може да ја најдете пријавата и останатите детали за BIWCwww.balkanswine.eu

Датуми и рокови

Поднесете пополнета пријава и доказ за плаќање по емејл или пошта најдоцна до 31ви мај 2012 (понеделник). E-mail: info@balkanswine.eu

Примероци за натпреварувањето

Ве молиме да ги испратите сите примероци за натпреварувањето- 6 шишиња за секој примерок- до 31ви мај 2012 на следнава адреса:

The Balkans International Wine Competition
Stoyan Zaimov St. 12, Apt. 1, Sofia 1421, Bulgaria

За сите учесници на BIWC Саемот!

Секој излагач може да ги претстави своите вина со тоа што ќе достави 6 шишиња од секое вино. BIWC ќе Ви обезбеди сигурно складирање на вашите производи до почетокот на Саемот. Доколу би сакале да ја искористите оваа можност, Ве молиме да го испратите својот производ на истата адреса во било кое време откако ќе се регистрирате,но во точно определениот рок.

Учесниците кои ќе се одлучат да не ги испратат своите производи однапред во седиштето на Саемот, може да ги донесат истите во изложбениот салон СОФИЈА, Гранд Хотел Софија во 9 часот на 16ти јуни, 2012 (сабота).     

Медиумски покровители на BIWC

Интернационални, регионални и национални телевизии, радио, весници, списанија, веб и социјални мрежи ќе го покриваат  THE BALKANS INTERNATIONAL WINE COMPETITION 2012.

 Ве охрабрувам да ја искористите оваа можност и да бидете дел од првиот BIWC за да обезбедите идниот успех на вашиот бизнис и Ви посакувам добредојде на BALKANS INTERNATIONAL WINE COMPETITION 2012 во Софија.

 

Срдечен поздрав

Галина Нифору

Генерален директор на BIWC